ЗА ПАЦИЕНТИ

ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ВАШИТЕ БУБРЕЗИ ???

Специјална болница Диамед ви нуди комплетна дијагностика во областа на нефрологијата и кардиологијата во современо опремена амбуланта и биохемиска лабораторија, во која нашиот стручен тим ќе ви помогне да ги надминете вашите проблеми.

ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ХЕМОДИЈАЛИЗА ?

Во првата приватна Специјална Болница по нефрологија Диамед, во одделот за хемодијализа поставени се 25 апарата за HD Surdial 55 plus произведени во Нипро – Јапонија со капацитет на лекување на 150 пациенти со склучен договор со ФЗО на Р.М.

Во центарот за хемодијализа

Што работат лекарите и нефролошките сестри  во центарот за дијализа?
Лекарите и сестрите се грижат за болните. Зборот нефрологија се однесува на нешто што е во врска со бубрезите.

Нефролошките сестри се посебно едуцирани?! и тренирани?! да се грижат за болни со бубрежни болести.

Нивните одговорности вклучуваат:

  • Проверка на виталните знаци на болниот и неговата општа состојба.
  • Ги подучуваат болните за нивната болест и третман и одговараат на прашањата од болните.
  • Го следат и надгледуваат дијализниот третман од почеток до крај.
  • Даваат лекарства на болните кои се ординирани од нивните доктори.
  • Ја евалуираат реакцијата на болниот на дијализниот третман и на лекаствата.
  • Ги следат промените на состојбата кај болните и го обавестуваат лекарот за тоа.
  • Ги прегледуваат лабораториските наоди на болните, нивната домашна терапија и активности и ги следат промените на состојбата кај болните.
  • Им помагаат на болните/ги упатуваат во центар за трансплантација.
  • Се грижат за квалитетна грижа на внимателен начин и со респект ?!.