Диамедикал

Приватната здравствена установа – Поликлиника од примарна здравствена заштита и медицина на трудот ДИАМЕДИКАЛ – Скопје, располага со високо квалификуван кадар и стручно обучен тим на доктори и сестри кои успешно, брзо, совесно и квалитетно ја извршуваат својата работа.

ОРДИНАЦИЈАТА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА Ви ги нуди следниве услуги:

Избор на матичен лекар – Д-р. Катерина Спасеска Ѓуровска
(има склучено договор со ФЗО на Република Македонија)

Дневна болница

  • Дијагноза/мониторинг/третман на акутни и хронични состојби за кои не е потребен болнички престој во текот на ноќта
  • ЕКГ
  • Спирометрија
  • Аудиометрија

Домашна посета

  • Од страна на медицинска сестра, со или без доктор
  • Од страна на медицинска сестра, со доктор специјалист
  • Апликација на интравенска /интрамускулна терапија
  • ЕКГ и спирометрија во домашни услови
  • Секаков вид на преврски

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКАТА ОРДИНАЦИЈА ПО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ Ви нуди:

Систематски, периодични здравствени прегледи

  • Еден од условите за подобра и попродуктивна работна средина пред се е здравиот работник
  • Систематските прегледи се задолжителни за вработените во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси
  • Без трчање, барање и нервози јавете се на 02/2033-530 и закажете си систематски за Вас и вработените во вашата фирма

Лекарско уверение за пред вработување

  • Се прави пред вработување или при промена на работното место

РАБОТНО ВРЕМЕ

ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА – ПЕТОК
08:00 – 15:00 часот

ВТОРНИК – ЧЕТВРТОК
08:00 – 19:30 часот

Тел: 02/ 2033 – 530
е-mail: diamedikal@diamed.mk