ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Диамед е дел од групацијата D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија.
D.Med Healthcare Group е глобален провајдер на медицински услуги и производи со посебен фокус на дијализа и дијабетес. Групацијата брои над 1500 вработени, има подружници во 35 земји ширум светот и над 5000 пациенти кои се третираат во центрите за дијализа.
Специјална болница Диамед како дел од истата групација, овозможува врвни и квалитетни услуги од областа на дијализата за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна слабост и пациенти кои се на хроничен програм на хемодијализа и хемодијафилтрација.
ПЗУ Специјална болница Диамед располага и со современа биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги, како за матичните пациенти на дијализа така и за надворешни пациетни.
Во 2016 година болницата успешно го имплементираше системот за управување со квалитет и се здоби со Сертификат за квалитет согласно стандардот ISO 9001.