Loader
Политика на приватност и заштита на личните податоци
3
privacy-policy,page-template-default,page,page-id-3,bridge-core-2.9.0,qodef-qi--no-touch,qi-addons-for-elementor-1.6.6,qode-page-transition-enabled,ajax_fade,page_not_loaded,qode-page-loading-effect-enabled,,qode_grid_1300,qode-theme-ver-27.4,qode-theme-bridge,qode_advanced_footer_responsive_1000,qode_header_in_grid,wpb-js-composer js-comp-ver-6.7.0,vc_responsive,elementor-default,elementor-kit-6

Политика на приватност и заштита на личните податоци

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ  И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува приоритет на ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа ДИАМЕД Скопје (во понатамошниот текст: Специјална болница ДИАМЕД Скопје).

 

Приоритет на Специјална болница ДИАМЕД Скопје е да ја почитува Вашата приватност во однос на сите информации што може да ги собереме при Вашата посета на нашата веб страница https://diamed.mk

 

Политиката на приватност и заштита на личните податоци дава објаснувања за видовите на податоци кои ги собираме и може да ги задржиме при посета на нашата веб- страница, како и на кој начин се користат собраните податоци и со кого се споделуваат.

 

Правилата на приватност и заштита на личните податоци се во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци и интерните акти на Специјална болница ДИАМЕД Скопје кои ја регулираат Вашата употреба на нашата веб страница.

 

Политиката се однесува единствено на заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/регистрација, on-line закажување на преглед, како и при аплицирање за работни места. Истата не се однесува на личните податоци што се собираат на други начини, ниту пак на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата веб страница.

 

Од аспект на обработката на личните податоци Специјална болница ДИАМЕД Скопје е Контролор на личните податоци, а субјекти на личните податоци се сите корисници при посета/регистрација на нашата интернет страница.

 

Личен податок

 

Заради правилно и потполно разбирање на предметот на регулирање на оваа Политика на приватност Ви укажуваме дека во „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

 

Собирање и обработка на лични податоци

 

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, Специјална болница ДИАМЕД Скопје собира лични информации за идентификација. Количеството и видот на информациите што ги собира Специјална болница ДИАМЕД Скопје зависи од природата на интеракцијата. Доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете личните податоци преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи, во тој случај Специјална болница ДИАМЕД Скопје според законските одредби ги собира и обработува Вашите лични податоци.

 

Оваа политика се однесува на начинот на кој Специјална болница ДИАМЕД Скопје ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб страницата при посета/регистрација, on-line закажување на преглед, како и при аплицирање за работни места.

 

При посета на веб страницата секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. Специјална болница ДИАМЕД Скопје не собира лични податоци за корисниците/посетителите на веб страницата (освен ИП адресата).

 

Имајќи ја во предвид основната дејност на Специјална болница ДИАМЕД Скопје, користењето на страницата не е дозволено за лица помлади од 18 години.

 

Цели за кои се користат собраните лични податоци

 

Вашите лични податоци кои ги собираме и обработуваме:

  • оn-line закажувања на преглед при што се идентификува корисникот;
  • известување за промена на условите и тарифите;
  • промотивни понуди кои ги нуди Специјална болница ДИАМЕД Скопје;
  • информации за вработувања преку посетата на нашата веб страница.

 

Заштита и безбедност на Вашите лични податоци за идентификување

 

Кога се регистрирате on-line, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Установата го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.

 

Во случај на електронско плаќање Специјална болница ДИАМЕД Скопје нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат и процесираат од платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која согласно законските прописи за заштита на лични податоци врши обработка на Вашите лични податоци.  Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

 

Во однос на субјектот на личните податоци и обработката на истите Специјална болница ДИАМЕД Скопје управува врз основа на законитост, правичност и транспарентност согласно Закон за заштита на лични податоци.

 

Податоците кои ги собираме се за конкретни, јасни и легитимни цели.

 

Секој вработен во Специјална болница ДИАМЕД Скопје има посебно овластување за пристапот до Вашите лични податоци кој е ограничен и само оние вработени кои имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци ги користат со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

 

Рокот за чување на собраните податоци е предвиден согласно закон и не е подолг од потребите за исполнување на целта поради која се обработуваат (10 години од завршување на деловниот процес со Специјална болница ДИАМЕД Скопје).

 

Специјална болница ДИАМЕД Скопје применува соодветни технички и организациски мерки со кои обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање, преправање, нивно случајно губење или евентуална злоупотреба на истите.

 

Ние се стремиме да ги користиме најдобрите мерки за заштита на Вашите лични податоци, но ниту еден метод за електронско складирање не е 100% сигурен. Апсолутната сигурност Специјална болница ДИАМЕД Скопје не може да ја обезбеди.

 

Споделување на Вашите лични податоци со трети лица/трети земји

 

Вработените во Специјална болница ДИАМЕД Скопје тековно се едуцираат за обезбедување на целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со трети лица без Ваша претходна согласност.

 

Кога Вие при посетата/регистрацијата како и on-line закажување на преглед интернет страницата ги оставате личните податоци за обработување, Специјална болница ДИАМЕД Скопје не ги пренесува Вашите лични податоци во трети земји.

 

Промена на Политиката за приватност на личните податоци

 

Специјална болница ДИАМЕД Скопје има право на промена на нашите интерни акти и соодветно законските правила и прописи, редовно да ја ажурираме Политиката за приватност. Вашата континуирана употреба на нашата веб страница по секоја промена извршена во Политиката ќе претставува Ваше прифаќање на промената која е извршена.

 

Прифаќање на условите

 

Со користењето на интернет страницата на Специјална болница ДИАМЕД Скопје Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата.

 

Колачиња „Cookies“

 

За да го поедноставиме и унапредиме вашето корисничко искуство користиме колачиња -„Cookies“ кои претставуваат мали датотеки кои можат да бидат зачувани во компјутерот на посетителот на нашата веб страница. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да се користат само за потребите на веб услугата и тоа на начин  кој нема да ја загрози Вашата приватност.

 

Вашите права

 

Вие како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање доставено на адресата на Специјална болница ДИАМЕД Скопје,  ул. Ѓорче Петров бр.23 Скопје или барање преку  електронската адреса aleksandar.jonovski@dmed-healthcare.com да пристапите до Вашите лични податоци со барање:

 

  • за да бидете информирани за Вашите лични податоци кои се обработуваат;
  • за да бидете информирани за целта на обработка и правен основ за тоа;
  • да имате пристап до Вашите лични податоци;
  • за исправка, бришење, повлекување на согласност, барање за ограничување на обработката, право на преносливост и право на приговор.

 

Контакт

 

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да не контактирате на следната електронска адреса: aleksandar.jonovski@dmed-healthcare.com или да контактирате со Офицерот за заштита на личните податоци на Специјална болница ДИАМЕД на телефонскиот број: 070/631-887 или на e-mail адресата aleksandar.jonovski@dmed-healthcare.com

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за да одговориме на Вашето барање.