Диамед дијагностичката лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РСМ за изработка на лабораториски анализи со лабораториски упат Лу-1 образец, издаден од матичен лекар од примарна здравствена заштита.
Со својот искусен високо професионален тим кој е целосно посветен на одржување на квалитетот на работа на највисоко ниво, нашата лабораторија овозможува:
Одделот за лабораториска дијагностика спроведува широка палета на хематолошки, биохемиски и имунолошки тестови, како и високо специфицирани иследувања за проценка на бубрежната функција. Организациската поставеност ги следи ISO стандардите за квалитет на лабoраториска дејност (ISO 15 189), со автоматизиран и информатички интегриран систем за работа, со што овозможува брза дијагностика и достава на резултатите. Лабораторијата е вклучена во програмите за контрола на квалитет кои се спроведуваат во ЕУ и е под редовен надворешен мониторинг за точноста и прецизноста на тестовите.