Дијагностички центар во ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа Ви овозможува брзо и ефикасно разграничување на слабинска болка, дијагноза и обезболување. Пациентите во секое време може да добијат консултација за бубрежни каменчиња, дијагностика и третман на бубрежна болка.
Во дијагностичкиот центар на ПЗУ Диамед можете да ги добиете следниве услуги:
- Микроскопска анализа на уринарен седимент со нефролошко толкување и советување
- Ехо преглед на уринарен систем, надбубрежни жлезди и простата
- Ехо преглед на стомачни органи
- Поставување и промена на уринарен катетар
- Нефролошко следење и терапија кај посебна група пациенти (пациенти со дијабетична нефропатија), хронична бубрежна слабост
- Третман на артериска хипертензија
- Лекување инфекции на уринарните патишта
- Гломерулонефрити и други имунонефропатии
- Анемија од бубрежно потекло
- Дијабетична нефропатија
- Хронична бубрежна болест